Старата народна традиција вели:
“Пречекај го секој гостин со слатко, за секој миг кај тебе да му биде благ и убав како слатко”. – Обичајот на пречек со слатко е еден од најстарите македонски обичаи карактеристичен за секоја стара, пријателска куќа. Целта на секој домаќин била да понуди што подобро и повкусно слатко, според чиј вкус се оценувал и домаќинот.