Историја
Континуираниот развој и постојанотото зголемување на капацитетот и бројот на вработени се резултат на соодветното планирање, исполнување и остварување на целите за реално направените планови за тековно работење.
Во 2003 година претпријатието своето работење го прошири со нов современ производствен погон во кој се врши финална доработка и пастеризација на производите според најсовремени техничко –технолошки процеси и примена на стандардите за хигиена и квалитет до готов производ. Местоположбата на производствениот погон се наоѓа во с.Давидово, Гевгелиско далеку од градската бучава, во срцето на природните ресурси кои што се одгледани во еколошка средина и уредно доставени до нашите погони за конечно да стигнат до потрошувачите.
Главната цел на фирмата е квалитетен производ доставен точно на време кога е потребен да стигне до потрошувачот.
Со својата политика за квалитет успешно воведува нови линии на продукти кои со задоволство се прифатени од потрошувачите.
Принцип Комерц внимателно се грижи за снабдување на своите потрошувачи како во земјата така и во странство.